Connect with us

Фудбал

Навивачите на Ливерпул можат да здивнат

Шлагот на тортата во оваа фудбалска сезона утре ќе биде во Париз.

Финалето во Лигата на шампионите ќе се игра помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид.

 

Дали „црвените“ ќе стигнат до седмата или „кралевите“ до 14. европска титула ќе дознаеме на 28 мај околу полноќ.

 

Ливерпул овој дуел го дочекува по трофеите во ФА Купот и Лига Купот, додека Реал го освои шпанското првенство.

„Црвените“ имаа многу прашања за утрешниот состав поради повреди, но Клоп денеска ги израдува сите навивачи на тимот од „Енфилд“.

 

“Што се однесува до Фабињо и Алкантара, нивното тело добро реагира по краткото опоравување и мислам дека ќе бидат подготвени за финалето“, изјави Клоп.

 

Покрај споменатите двајца, Мохамед Салах најверојатно ќе биде подготвен за дуелот во Париз, а Египјанецот заработи полесна повреда во финалето на ФА Купот против Челзи.

 

Од друга страна, Реал Мадрид треба да го има најсилниот тим на располагање, а тоа секако ни гарантира возбудлив натпревар за врвниот финиш на фудбалската сезона во Европа.