Connect with us

Фудбал

Навивачите на Њукасл разочарани: Новиот дрес на клубот е речиси ист како оној на репрезентацијата на Саудиска Арабија

Њукасл денеска ги претстави новите дресови кои овој клуб ќе ги користи следната сезона.

Од Њукасл во новата сезона се очекуваат големи работи откако пред нешто повеќе од половина година клубот го купи Мохамед бин Салман, од кого се очекуваат огромни инвестиции.

Богатите сопственици од Саудиска Арабија не кријат дека сакаат да го направат Њукасл еден од најдобрите клубови во Европа, но јасно е дека за тоа ќе им треба време и многу пари.

Во Њукасл со месеци владее еуфорија поради доаѓањето на новите сопственици, но не сите се воодушевени од големите промени кои се случуваат.

Многу фанови на овој клуб се изненадени од изгледот на новите дресови на Њукасл кои клубот официјално ги претстави утринава. Ова е трет комплет дресови во боите на Саудиска Арабија.

Навивачите на Њукасл сметаат дека тоа е премногу и дека новите сопственици не смеат целосно да ја присвојат и променат целата историја на клубот и дека не е соодветно дресовите да бидат во такви бои.

Дресот неодоливо потсетува на дресовите на репрезентацијата на Саудиска Арабија, а разликата е само во грбот и спонзорот на предниот дел на овие дресови.