Connect with us

Фудбал

Навивачите на Реал веднаш најдоа замена за Роналдо – еве кој го сакаат

Со заминувањето на Кристиано Роналдо Реал Мадрид загуби еден голем фудбалер, а навивачите својот идол, но тие веќе одлучиле кого сакаат да биде наследникот на Португалецот.

Заминувањето на Роналдо, Реал нема така лесно да го надоместат, а една од наводните замени е Еден Азар, меѓутоа навивачите на „Кралевите“ имаат поинакви мислења и желби во однос на луѓето во управата.

Во анкетата која ја спроведе шпанска Марка, навивачите на Реал Мадрид гласаа за тоа кој напаѓач сакаат да го видат како замена за Роналдо, а понудени опции беа две.

На крајот, повеќе од 200.000 навивачи гласаа, а најмногу гласови отидоа за Хари Кејн од Тотенхем, кој го сметаат за најпотребен играч за Реал, пред Кавани, Икарди, Левандовски, Мората, Родриго и Роберто Фирмињо.

Сепак, се чини дека желбата нема да им се исполни бидејќи Кејн неодамна потпиша нов договор со Тотенхем, а и понатаму Азар се наметнува како наследник на Роналдо, но сепак во Челзи не планираат лесно да се откажат од Белгиецот.