Connect with us

Фудбал

Навивачите на Црвена ѕвезда непожелни во Малага

Раководството на Уникаха од Малага ја извести Црвена ѕвезда дека нема намера да ги нагости „Делиите“ на нивниот утрешен меѓусебен дуел.

Оваа одлука на шпанскиот кошаркарски клуб е поради инцидент од март 2016 година, кога голема група поддржувачи на ѕвезда застана зад гостинската клупа, иако немаше билети за тој сектор па дојде до судир со обезбедувањето.

Преку соопштение Уникаха ги извести симпатизерите на „црвено-белите“ дека нема да се разменуваат билети за навивачите.

Црвената ѕвезда објави дека нема да води организирано навивачи, но дека тие можеби ќе дојдат во сопствена режија. Поради тоа, домаќините презедоа неколку чекори.

Продажбата на билети ќе се следи повнимателно, а клупата наменета за гостинскиот тим ќе биде затворена.