Connect with us

Фудбал

Навивачите згрозени од новиот дрес на Барса

Со цел да се прослави големиот јубилеј, 20 години од соработката со каталонскиот гигант Барселона, американската компанија за спортска опрема “Најк”, изработи посебен дрес кој ќе биде комбинација од сите дресови кои актуелниот шампион на Шпанија ги има носено во изминатите 20 години.

Бидејќи станува збор за лимитирано издание, дресот е изработен за маркетинг потреби, а најверните фанови се надеваат дека Меси и неговите тимски соиграчи нема да го носат тој дрес за време на официјалните натпревари.

Судејќи според коментарите кои се постирани на социјалните мрежи, воодушување нема помеѓу фановите на каталонскиот гигант.

  • Дали станува збор за тест-хартија која ја ставаш во принтер откако ќе купиш нов тонер, напиша еден навивач, а еден друг дојде до констатација дека станува збор за најлошиот дрес во клупската историја и дека истиот ќе го купи за да потоа го продаде на иБеј.