Connect with us

Кошарка

НБА: Чудесен натпревар на Оладипо за победа на Индијана

Кристапс Порзингис се врати во тимот на Њујорк и тие се вратија на победите, овојпат совладувајќи го големиот аутсајдер Атланта Хокс со резултат 111:107.

Европјаните беа во прв план на овој натпревар, во кој Порзингис заврши со 30 поени и 8 скока, додека на спротивната страна Германецот Денис Шродер имаше 21 поен. Латвиецот Порзингис не шутираше ефикасно од поле, но промаши само едно од десетте слободни фрлања и ја обезбеди победата за неговите Никси.

Во Индијана продолжи лудилото кое го предизвикува Виктор Оладипо, кој овојпат уфрли 47 поени, 7 скока и 6 асистенции за неговиот тим да стигне до пресврт против Денвер Нагетс. Конечниот резултат беше победа за Пејсерси од 126:116, по едно продолжение.

Денвер го имаше водството низ првите три четвртини, но во последната се почувствува отсуството на Никола Јокиќ, бидејќи Нагетси не можеа да одговорат на офанзивната моќ на играчите на Индијана Пејсерс.