Connect with us

Кошарка

НБА кошаркари заразиле дете со коронавирус, му дале автограм!

Двајца кошаркари на Јута, Руди Гоберт и Донован Мичел, како што е познато имаат коронавирус. Тоа е потврдено од двајцата кошаркари. Сепак, според најновите информации, две деца од Вестерли во Род Ајленд се исто така позитивни.

За едно од нив се воспоставило дека пред мечот помеѓу Јута и Бостон имало директен контакт со нив, односно Гоберт и Мичел му дале автограм и така му го пренеле вирусот, пишуваат американските медиуми.

Идентитетот на децата и нивната точна возраст не е откриена, а наводно информациите ги потврдила и тамошната полиција. Американците предупредуваат колку брзо и лесно се шири коронавирусот.