Connect with us

Кошарка

НБА призна дека блокадата на Џејмс била нерегуларна

Раководството на НБА лигата призна дека блокадата на Леброн Џејмс, која беше решавачка за конечниот резултат во петиот меч од доигрувањето меѓу „Кливленд“ и „Индијана“ не била регуларна.

Мечот беше решен во последните секунди, откако при 95:95 Виктор Олапидо со дриблинг се ослободи од Џејмс и тргна на положување, но „Кралот“ успеа да го стигне и да го блокира шутот. Џејмс веднаш побара тајм-аут и во преостанатите три секунди успеа да погоди трокја за победа.

Во официјалната анализа на судењето од последните две минути од натпреварот стои дека арбитрите драстично ја оштетиле „Индијана“ бидејќи требало да го признаат кошот на Виктор Оладипо имајќи во предвид дека Џејмс го блокираше шутот откако топката удрила во таблата.

Она што се нарекува надолна траекторија не е доволно прецизен термин, бидејќи според правилата, топката не смее да биде допрена од моментот кога ќе удри во таблата, независно од тоа дали потоа ќе се движи нагоре, како што беше во случајот на Оладипо или надоле кон обрачот.

Но од друга страна, од НБА изјавија дека на половина минута пред крајот топката по грешка и била доделена на „Индијана“, бидејќи претходно не било досудено дека излегла од теренот кога Јанг ја избил од рацете на Џејмс, туку дури откако се одбила од паркетот надвор од полето, па од играчот на „Кливленд“ отишла во аут. Сепак, грешката при непризнавањето на кошот со кој Индијана би повела со два разлика, на три секунди до крајот, е секако подрастична.