Connect with us

Фудбал

Не е готово додека Германците не кажат дека е готово, Швајцарија на чекор до победа, но…(ВИДЕО)

На Европското фудбалско првенство во Германија вечерва се одигра последното, трето коло во А-групата. Германија се спаси од пораз со Швајцарија, додека Унгарија со гол во 100.минута ја победи Шкотска и ги задржа шансите за плејоф. Швајцарија беше на чекор до сензација и победа над Германија откако Ндоје во 28-та погоди за 1:0 и овој резултат беше актуелен се до 92-та минута, кога Фуклруг во судиското продолжение погоди за 1:1.

Резултати:
Швајцарија – Германија 1:1
Шкотска – Унгарија 0:1.

Германија со седум бодови заврши на првото место во групата А, Швајцарија со пет остана на втората позиција. Овие две селекции обезбедија учество во осминафиналето. Унгарија е трета со три бода и ќе се надева да биде помеѓу најдобрите четири третопласирани, додека Шкотска е последна со еден бод и за неа заврши ЕП.