Connect with us

Фудбал

Не е шега: Балотели се доближува до третолигаш во Шпанија

Можноста Балотели да потпише со шпанскиот третолигаш Интерсити станува се поверојатна, тврди COPE Alicante. 34-годишниот поранешен репрезентативец на Италија е без клуб откако претходната сезона ја мина во турската Адана Демирспор. Пред тоа, тој играше за десетина европски клубови, вклучувајќи ги Интер, Манчестер Сити, Милан и Ливерпул.

Тимот од Аликанте сериозно размислува за овој потег, особено од медиумски аспект. Иако крајот на неговата фудбалска кариера изгледа блиску, Балотели останува играч со репрезентативен стаж кој би го привлече вниманието на печатот на Интерсити. Сепак, за да го потпише клубот мора да ослободи еден играч бидејќи ја пополнил квотата.