Connect with us

Фудбал

Не е шега: Милан го враќа Бакајоко

Екипата на Милан сериозно ја разгледува можноста да го раскине договорот за позајмицата на Челзи за францускиот играч од средниот ред Тиемуе Бакајоко.

Овој 24-годишен играч од средниот ред минатото лето пристигна на Сан Сиро на позајмица од Челзи, но оваа сезона во дресот на Милан не настапуваше често.

Тренерот на екипата Џенаро Гатузо не му дава премногу шанса. Смета дека има премногу мани за еден фудбале од средината, па настапи само во четири натпревари од Серија А и два од Лигата на Европа.

Милан е подготвен и да го врати таму од каде што го зеде. Голема е веројатноста дека ќе го раскинат договорот за позајмицата, па Бакајоко од јануари повторно би можеле да го гледаме на Стемфорд Бриџ.

Французинот има договор со Челзи до 2022. година, а во клубот пристигна минатата година од Монако за 40 милиони евра.