Connect with us

Фудбал

Не и требаше многу време, партнерката на Роналдо со нов напад на селекторот на Португалија

Португалија се збогуваше од Светското првенство во Катар со пораз од Мароко со 1:0 во четвртфиналето. Ова беше последен обид на Кристијано Роналдо да се искачи на тронот, но за жал не успеа. Ен-Несири му пресуди на Португалецот на крајот од првото полувреме, по лошата реакција на голманот Диого Коста кој погрешно го процени летот на топката.

Набргу по натпреварот, девојката на Роналдо, Георгина Родригез се огласи на Инстаграм. Шпанката не се двоумеше јавно да каже што мисли за португалскиот тренер и неговото однесување кон Кристијано.

„Денес твојот пријател и тренер донесоа лоша одлука. Тој пријател, за кого имаш толку многу пофални зборови и почит. Истиот кој кога влезе во игра, виде како се се смени, но веќе беше доцна. Не може да го потцени најдобриот играч на светот, најмоќното оружје. Ниту ти не можеш да застанеш зад некој што не го заслужува тоа. Животот ни држи лекции. Денеска не загубивме, научивме“, напиша Џорџина.