Connect with us

Фудбал

„Не можевме да си ги дозволиме Алексис и Мегваер“.

Судот за арбитража за спорт (CAS) го поништи решението на Европската фудбалска федерација (УЕФА) да го суспендира Манчестер Сити од Европа.

„Граѓаните“ ја добија постапката за жалби пред судот и ќе можат да продолжат да учествуваат на европските натпреварувања, иако го прекршија финансиски фер-плеј според одлуката на УЕФА.

Менаџерот на англискиот клуб Пеп Гвардиола јасно тврди дека неговиот тим не прекршил никакви правила и посочува дека другите имаат многу пари и имаа интересна споредба.

„Имаме многу пари и секако сакаме да се засилиме. Сепак, сакавме да го донесеме Алексис Санчез, но не можевме да си го дозволиме. Исто така, го сакавме и Хари Мегваер, но не можевме да платиме колку што плати Манчестер Јунајтед. Да, имаме пари, но тие ги имаат и други“, рече Гвардиола, додавајќи:

„Јас сум доволно скромен да признаам дека не сум ништо без играчите. Јас сум добар тренер, но не можете да освојувам титули без добри играчи. Во изминатите десет години ние го изградивме клубот да биде елита и моравме да инвестираме. Можеме да потрошиме онолку колку што дозволуваат сопствениците, следејќи ги правилата на финансискиот фер-плеј и тоа секогаш беше случај“, истакна Гвардиола.