Connect with us

Фудбал

(Не)пристојна понуда за Стерлинг, 100 милиони фунти за 10 години

Неверојатно е што се случува во светот на фудбалот. Се вртат суми од кои „боли глава“. Иако голем број на компании се погодени од светката пандемија со коронавирусот, сепак се чини дека пари за фудбалери и спортисти мора да има.

Имено, англискиот репрезентативец доби Рахим Стерлинг добил понуда од „Пума“ за спонзорски договор во траење од 10 години за 100 милиони фунти.

Стерлинг во моментов е под договор со „Најк“ кој му истекува на 30 јуни, а договор сакаат да потшишат со него Андер Армор, Адидас и Њу Баланс.

„Пума“ веќе има потпишано договор со Манчестер Сити за 650 милиони фунти, во траење од 10 години.