Connect with us

Други спортови

Не спијам ако Мирка не е до мене

Покрај тоа што важи за еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Швајцарецот Роже Федерер води семеен живот кој апсолутно е без никаква дамка. Овој пат популарниот Федекс откри неколку интересни детали од својот приватен живот, а воедно додаде зошто на сите турнири патува заедно со својата сопруга Мирка, па дури и кога настапува во најдалечните делови од светот. Кога не е на теренот секоја минута ја користи за дружење со сопругата, која ја запознал тренирајќи тенис, имајќи во предвид дека и таа во минатото беше тенисерка.

Неколку пати тој истакна дека Мирка целосно го поддржува во тоа што го работи, и воедно му верува дека не постои ниту една друга жена во неговиот живот, а за тоа најдобро сведоќи последната изјава која ја даде за „The Sunday Times“.

  • Одбивам да спијам ако мојата сопруга не е до мене. Мојот сон е да бидам со неа, а не да спијам во друга соба или на друг спрат од куќата, изјави Роже кој е во брак со неа од 2009 година.

Швајцарскиот тенисер исто така ги сподели проблемите кои ги имал во минатото. Тој во 2003 година го освои својот прв гренс слем во кариерата, Вимблдон, но на претходниот, Ролан Гарос, беше елиминиран уште по првото коло.

  • Го загубив првиот сет и си реков: „Како да победам на овој меч? Дури и да успеам, нема шанси да одиграм уште шест натпревари во пет сета“. Тогаш бев шести тенисер на АТП листата, но небев подготвен да одиграм седум натпревари во пет сета. По натпреварот седнав и размислував: „Зошто воопшто го играм Ролан Гарос кога не можам да го освојам?“, изјави Федерер.

Швајцарецот по тој натпревар беше многу критикуван, веројатно и оправдано, но тој одлучи да им се посвети на тренинзите.

  • Мислам дека психички бев како глужец, пртемногу „тенок“ и без „глава“. Сепак, на крајот многу научив од тој натпревар. Медиумите во Швајцарија ме критикуваа, а јас одлучив да не ги читам веснивите во наредните месец дена и да се фокусирам само на тренинг, што подоцна ми се исплатеше, додаде Федерер.

Петнаесет години подоцна може да се заклучи дека Федекс одлично ги надвладеал своите прихички бариери.