Connect with us

Тајмаут

Недеви на Европската недела на спортот во Брисел

Дејан и Венцислав Недеви учествуваа на неколку состаноци на Европската недела на спортот во Брисел, како официјални претставници на Европската и Македонската традиционална карате федерација.

Нашите традиционалисти беа учесници и на семинарот за спортски тренери во организација на ЕУРЕТИКС. Истотака, Недеви го посетија и споменикот на легендарниот актер Жан Клод Ван Дам во Брисел.

Во минатото, Ван Дам беше идол на каратистот Дејан Недев, информираа од МТКФ.