Connect with us

Други спортови

Недеви одржаа семинар во Романија

Генералниот секретар на Европската Традиционална карате федерација Дејан Недев и претседателот на техничката комисија на ЕТКФ Венцислав Недев одржаа предавања и тренинзи на семинар во Ефорие, Романија.

Недеви на семинарот презентираа повеќе атрактивни борбени техники, кати и бункаи-апликации.

На семинарот учество земаа над 300 каратисти од повеќе европски земји.

Свои предавања до крајот на семинарот ќе одржи и легендарниот карате мајстор Владимир Јорга 9 дан – Претседател на ЕТКФ.