Connect with us

Фудбал

Неимар ги прифати условите на Барса

Ретки беа тие кои можеа да насетат дека за време на летниот преоден рок во 2017 година, Неимар за рекордно обесштетување ќе си замине од Барселона и ќе потпише за ПСЖ, но и дека после една година, Бразилецот грчевито ќе бара начин за да си замине од Париз и да се врати на “Камп Ноу”.

За време на последниот летен преоден рок многу се пишуваше дека Реал (М) сака да ги осигура услугите на Неимар, но таквите најави не добија реализиација. Бразилецот остана на “Паркот на принцовите” но не го промени неговиот став кога е во прашање францусјара метропола.
Од Барса си замина затоа што не сакаше да живее во сенка на Лионел Меси, а во ПСЖ му смета тоа што клубот не може да ја освои Лигата на шампиони и што не може да му помогне во борбата за “Златната топка”.

Каталонскиот гигант планира да ја започне “Операцијата Неимар# со која планира да го врати Бразилецот на “Камп Ноу”.

Како што пишува шпанското издание на “Гол”, напаѓачот е повеќе од подготвен за напуштање на ПСЖ, а е подготвен и да го исфорсира кам-бекот во редовите на актуелниот шампион на Шпанија.
Барселона веќе има воспоставено контакт со претставниците на Неимар, кои биле информирани дека кам-бекот ќе стане реалност само доколку бидат исполнети два услова.

Првиот услов е Неимар самиот да го исфорсира трансферот во Барселона, а вториот е да прифати помала плата од таа која ја има во Париз. Според “Гол”, Бразилецот ги прифатил двата услова и за време на летниот преоден рок повторно се враќа во Барселона.