Поврзи се со нас

Фудбал

Нејмар го информираше спортскиот директор на ПСЖ за неговата желба

Бразилскиот офанзивен играч Нејмар сака да остане во редовите на ПСЖ.

Иако честопати беше поврзуван со некои други клубови, Нејмар има само една желба, а тоа е да остане во ПСЖ.

Барем така пишуваат француските медиуми кои денес објавија дека Нејмар преку своите претставници го информирал спортскиот директор Леонард за неговата желба.

Договорот на Нејмар со францускиот клуб истекува летото 2022 година, а клубот сè уште не му понудил нов.

Да потсетиме, Нејмар пристигна во ПСЖ во 2017 година од Барселона, а претходно играше за бразилски Сантос.

loading...

Facebook