Connect with us

Фудбал

Нејмар има интересно објаснување зошто толку симулира

Ѕвездата на ПСЖ и на бразилската репрезентација Нејмар, се најде на удар на критиките на навивачите поради претераните „тркалања“ на теренот после прекршоците кои се направени над него, социјалните мрежи се преполни со шеги на негова сметка, а сега тој прв пат зборува за тоа.

Нејмар веќе не можеше да молчи по зачестените прозивки, проговори околу симулирањето, а кажува и дека сам се смеел на шегите на негова сметка.

„Поставив и јас самиот една шега, со некои дец“, кажува Бразилецот кој додава дека тешко му паднало испаѓањето во четврт финалето од Мундијалот и дека едно време воопшто не можел да размислува за фудбалот.

Спореде неговите зборови, приказната за симулирањето тргнува од луѓето кои не се разбираат од фудбал.

„Тоа е мојот стил, да одам на дефанзивецот и да се обидам со дриблинг да го поминам. Не можам да му речам, ‘мил мој, помести се сакам да дадам гол’. Знаете, јас сум лесен и брз, тоа ми е најсилното оружје и јасно е дека по бавните играчи ќе ме запираат со погруби прекршоци“, појаснува Нејмар и додава:

„Мислите дека сакам да трпам удари во текот на целиот натпревар. Никој не сака, па секоја натпревар го завршувам со четири или пет парчиња мраз на нозете, тоа знае да боли“, изјави Бразилецот и повтори дека тоа не може да го разберат оние кои никогаш немаат играно фудбал.