Connect with us

Фудбал

Нејмар ќе биде подготвен за пријателскиот натпревар со Хрватска

Најдобриот бразилски фудбалер Нејмар да Силва најверојатно ќе се врати на теренот во пријателски натпревар против Хрватска на 3 јуни во Ливерпул.

Напаѓачот на Пари Сен Жермен не игра од февруари поради повреда, но ќе биде подготвен пред Мундијалот. 

Докторот на „кариоките“, Родриго Лесмар истакна дека заздравувањето на Нејмар се одвива добро и дека следната недела ќе тренира со групата.

– Ние направивме неколку тестови, заздравувањето на Нејмар оди во вистинска насока, а следната недела ќе биде подготвен да тренира со тимот. Нашата идеја е да работи со топка за да бидеме целосно фит да го одигра првиот пријателски натпревар, истакна Лесмар.

Покрај Бразил, во групата Е за СП се Србија, Швајцарија и Костарика.