Connect with us

Фудбал

Нејмар пристигна во Барселона со бројни куфери

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар во наредните денови ќе биде во Барселона.

Килијан Мбапе реши да остане во ПСЖ и потпиша нов договор, со што ги зголеми шансите Нејмар да го напушти Париз на лето.

 

Тој наводно бил понуден на неговиот поранешен клуб Барселона, па неговото појавување во срцето на Каталонија денеска ја разгоре фантазијата на навивачите на овој тим.

 

Бразилскиот репрезентативец во летото 2017 година за 222 милиони евра премина од Барса во ПСЖ, а оттогаш во неколку наврати се поврзуваше со шпанскиот клуб.

 

Парижаните нема да имаат премногу потреба од Мбапе по одлуката на Мбапе да остане, додека тоа би значело многу за Барса на Чави, иако навивачите се поделени, па едни се за негово враќање, други сметаат дека тоа би бил лош потег.