Connect with us

Фудбал

Нејмар се опоравува подобро од очекуваното

Закрепнувањето на бразилскиот играч Нејмар оди подобро отколку што се очекуваше, објави медицинскиот тим на репрезентативниот тим.

Нејмар се вратил на тренинг во вторникот, додека тој паузирал од крајот на февруари, кога ја скрши десната нога. На 3 март беше подложен на операција во Бразил.

Членот на медицинскиот тим Фабио, рече дека ќе биде потребно извесно време пред Нејмар да влезе во целосна форма, но напаѓачот на ПСЖ оди кон подобра насока.

“Неговото закрепнување е подобро отколку што се очекуваше. Почнавме да работиме еден месец пред нашиот прв натпревар на Светското првенство, а до крајот на групната фаза имаме дополнителен месец. Мислам дека се ќе биде во ред со тренингот на тимот со надзор каков што сега има, на дневна основа. Многу добро се грижиме за него. Ќе биде важно да се види каков е во игра 11 на 11, но на скратен терен, ќе се обидеме да го забрзаме прилагодување да влезе во форма “, изјави тој.