Connect with us

Фудбал

Нејмар: Вистина е дека ми недостасуваат соиграчите од Барселона

Бразилскиот фудбалер Нејмар минатото лето ги сруши сите рекорди кога од Барселона премина во редовите на ПСЖ за неверојатни 222 милиони евра.

Нејмар ги изненади сите со одлуката да ја напушти Барселона и да премине во ПСЖ, но тоа го направи затоа што сакаше да излезе од сенката на Меси. Бразилецот сака да покаже во францускиот клуб дека може да биде лидер во екипата и да ги симне од тронот Меси и Роналдо, но се уште работите не одат така како што се надеваше.

По само една сезона започнаа шпекулациите дека Нејмар ќе го напушти ПСЖ и ќе премине во Реал Мадрид, а во некои медиуми дури се појави и вест дека сака да се врати во Барса. Бразилецот за француските медиуми зборуваше за евентуалното враќање н а „Ноу Камп“.

„Хаха. Можам да кажам дека навистина ми недостасуваат поранешните соиграчи од Барселона, но јас имам договор со ПСЖ и останувам во овој клуб. Рабио во Барса? Навистина не знам за што зборувате“, рече Нејмар.