Connect with us

Фудбал

„Некој измисли дека Мурињо е преведувач, но тоа е грешка“

Почетокот на кариерата на Жозе Мурињо е поврзан со легендарниот тренер Боби Робсон. Португалецот за него вели дека му должи се и секогаш за него зборува во суперлативи.

Робсон во Спортинг бараше некој кој што знае добро англиски и да се разбира во фудбал, за да му биде преведувач. Тоа беше Мурињо. Потоа го зема со себе во Порто, но и во Барселона.

Легендарниот фудбалер на Барселона, Бугаринот, Христо Стоичков вели дека тоа било грешка. Односно дека Мурињо бил преведувач е измислица.

-Стигна во Барселона и тоа беше Жозе Мурињо. Некој измислил дека е преведувач, но тоа е грешка. Работеше на теренот и знаеше се. Беше наш тренер и одличен пријател, изјави Стоичков.

Мурињо освои два пехари со Порто, со кој беше и првак на Европа. Со Челзи три пати ја освои Премиер лигата, со Интер две Скудета и Лигата на шампионите, со Реал еднаш Ла Лига, со Манчестер Јунајтед Лига Европа, ФА Куп и Комјунити Шилд. Во моментов го тренира Тотенхем.