Connect with us

Фудбал

Неколку интересни факти за натпреварот Р. Сосиедад – Вардар

Вечерва Вардар гостува во Сан Себастијан. На стадионот „Аноета“ ќе го одигра натпреварот против Реал Сосиедад во рамките од 4. коло од групната фаза во Лигата на Европа.

Неколку интересни податоци кои се поврзани со вечерашниот натпревар:

– Далечината помеѓу Скопје и Сан Себастијан изнесува 1.900 километри воздушна линија. Доколку тргнете со автомобил, тогаш ќе мора да поминете 2.650 километри

– Победата на Реал Сосиедад од 6:0 во Скопје, беше најубедливата во историјата на европските натпревари на овој тим. Вардар, пак, го забележа највисокиот пораз во мечевите на меѓународна сцена

– Ова ќе биде прво гостување на Вардар во Шпанија за одигрување на еден официјален натпревар

– Реал Сосиедад ги доби последните три натпревари на „Аноета“ без да прими гол. Овој тим на домашен терен нема примено гол 311 минути

– Во натпреварите од Лигата на Европа/Купот на УЕФА, Реал Сосиедад не е поразен на 11 домашни натпревари, и има примено само еден гол

– Реал Сосиедад нема добиено ниту еден жолт ниту црвен картон во првите три натпревари во Лигата на Европа, единствена екипа што го има овој рекорд

– Доколку добие жолт картон, Џамбул Џигаури ќе паузира на следната средба со Зенит

– Победата на Вардар на гостински терен во Истанбул, беше единствената во последните 14 натпревари на терен надвор од Скопје