Connect with us

Фудбал

Нема дилеми каде оди: Погба веќе доби понуда и му кажа на агентот дека тие се приоритет

Пол Погба на крајот од оваа сезона ќе го напушти Манчестер Јунајтед бидејќи не одлучил да го продолжи договорот.

Погба има договор со „црвените ѓаволи“ до крајот на сезоната и ја одби можноста да остане на „Олд Трафорд“. Францускиот играч за врска по шест години ќе ги спакува куферите бидејќи сака нов предизвик.

Во Јунајтед се врати во 2016 година кога пристигна од Јувентус во трансфер вреден 100 милиони фунти. Сепак, многумина сметаат дека Погба не успеал да ги оправда вложените пари и очекувањата во дресот на Манчестер Јунајтед.

Тој реши да го напушти клубот како слободен играч, а пред неколку дена се шпекулираше дека би можел да остане во Манчестер и да потпише за градскиот ривал Сити, но таквата можност ја одбил.

Погба се уште е поврзуван со Реал Мадрид и ПСЖ, но во трката за неговиот потпис се вклучи и Јувентус каде ги пружи најдобрите партии во кариерата досега.

Јуве е првиот клуб кој направи конкретен потег и веќе му понуди договор на Погба. Старата дама му нуди соработка на четири години, и неделна плата од 200.000 евра со голем бонус доколку потпише за овој клуб.

Во Јувентус веруваат дека Погба би бил големо засилување и одличен избор за нивниот среден ред, а наводно се и фаворити за неговиот потпис бидејќи Французинот нема ништо против да се врати во клубот од Торино.