Connect with us

Фудбал

Нема крај на малерите: „Ел Класико“ дуелот донесе два дополнителни проблеми за Реал

Реал Мадрид доживеа тежок потоп на „Ел Класико“ дербито кое вчера се одигра на „Камп Ноу“, натпревар по кој повеќе од јасно е дека Хулен Лопетеги ги загуби сите кредити кај претседателот Флорентино Перез кој веќе е во потрага по нов тренер.

Засега се уште нема официјална потврда кој ќе го замени Лопетеги на клупата на Реал, но затоа неговиот наследник
ќе се соочи со нови проблеми уште при првите денови. Причина за тоа се денешните медицински прегледи кои беа направени над двајца играчи од првиот тим, односно Марсело и Маријано кои го завршиле вчерашниот меч со повреди.

Најдобриот поединец на Реал на вчерашниот меч и стрелецот на единствениот гол ќе паузира најмалце две недели поради повреда на мускулот, додека напаѓачот Маријано исто така ќе паузира од 10 до 15 дена. Во наредниот период Реал ќе одигра четири меча за многу кратко време, а тоа значи дека двајцата фудбалери ќе ги пропуштат пресметките со Мелилја во купот, Валјадолид, Плзен и Селта Виго.

ИЗВОР: DERBI.MK