Connect with us

Ракомет

Нема криза за битолскиот ракометен тим, ново засилување во Еурофарм Пелистер

Битолски Еурофарм Пелистер е побогат за уште еден ракометар. Нов член на клубот е босанскиот интернационалец Јосип Периќ, репрезентативец на својата земја и среден бек со искуство од Бундеслигата. 27-годишниот Периќ доаѓа во Битола од бундеслигашот Гепинген и потпиша двегодишен договор со македонскиот вицешампион.

Периќ е креативен среден бек, висок 180 сантиментри и зад себе има две сезони во најсилната европска лига. Новото засилување на битолчани е изданок на Извиѓач од Љубушки, во својата кариера го носеше дресот на Босна, Татабања, играше во Катар и Романија (Одорхеи и Дунареа), а Гепинген е последниот клуб пред доаѓањето во Македонија.

Периќ е стандарден репрезентативец на Босна и Херцеговина, запиша 39 настапи и постигна 45 гола. Тој е второ засилување на Еурофарм Пелистер оваа сезона, по Марио Танковски, кој пред неколку дена потпиша договор со клубот од Битола. Договорот го продолжи и Невен Стјепановиќ.