Connect with us

Фудбал

Нема повеќе засилувања за Барселона

Доаѓањето на Џејсон Муриљо на позајмица од Валенсија очигледно е последното што ќе се случи кога е во прашање преодниот зимски рок на „Ноу Камп“.

Барселона најави дека Муриљо од први јануари ќе биде член на нивниот тим и тука ќе остане најмалку до на лето на позајмица, а потоа Барселона би можела, доколку сака да го откупи неговиот договор.

Тренерот на Барса Ернесто Валверде вели дека во фудбалот никогаш и ништо не може да се каже со сигурност, но ги уверува новинарите дека Барса нема да носи нови играчи до летниот преоден рок.

Се спомнуваа разни играчи кога е во прашање Барселона, но судејќи по зборовите на Валверде, со Муриљо е комплетиран преодниот рок кој треба да почне за десеттина денови.

„Никогаш не знаете, но мислам дека за нас преодниот рок е завршен иако тоја се уште не е започнат. Нема да носиме нови играчи, а нема ни да продадеме некои наши, но сепак, никогаш не знаете што носи времето“, рече Валверде.