Фудбал
Нема „шпалир“ за Реал Мадрид од градскиот ривал, но нема ниту бодови (ВИДЕО)
Атлетико Мадрид, градскиот ривал на Реал одби да организира т.н шпалир за „Кралевите“, кој како непишано правило го прават противниците за тимот кој ја освоил титулата на неколку кола до крајот.
Реал во минатото коло ја завери титулата, а вечерва гостуваше на нивниот градски ривал. Без шпалир, но и без бодови се враќаат од ова гостување. Атлетико Мадрид славеше со 1:0 со голот на Караско во 40-тата минута од пенал. Карло Анчелоти одлучи да одмори неколку првотимци, пред се Бензема и Куртоа и очигледно ги штеди за финалето во Лигата на шампионите против Ливерпул за две недели.
Ова беше четвртиот пораз за Реал сезонава.
Standings provided by SofaScore LiveScore