Connect with us

Фудбал

Нема веќе дилеми, Џорџо Кјелини на 38 години има нов клуб, Јувентус ќе остане богато минато

Иако има уште една година договор, беше одлучено Џорџо Кјелини да замине летово кога ќе наполни 38 години. Неговиот нов клуб повеќе не е тајна – кариерата ја продолжува во Лос Анџелес, член на МЛС.

“Џорџо Кјелини се приклучи на LAFC во МЛС, договорот е финализиран. Целосниот договор е веќе постигнат, последниот состанок ќе се одржи во Лондон во наредните денови и договорите се речиси готови. Кјелини ќе лета за Лос Анџелес во следните недели“, напиша познатиот спортски новинар Фабрицио Романо на Твитер.

Лос Анџелес е лидер на Западната конференција и еден од најдобрите тимови во САД, а главен играч на овој тим е Карлос Вела.

Кјелини освои девет титули во Серија А за 18 години играње за Јувентус, исто така загуби две финалиња во Лигата на шампионите и одигра преку 500 натпревари.