Connect with us

Фудбал

Нема веќе никакви дилеми, Садио Мане слета во Минхен (ВИДЕО)

Се очекува Садио Мане во наредните денови и официјално да потпише за Баерн.

Мане ги изненади сите со одлуката да го напушти Ливерпул по шест години, но очигледно решил дека му е потребен нов предизвик во кариерата. Иако беше најдобар играч на „црвените“ покрај Мохамед Салах, на крајот Мане реши дека е време да си замине. Ливерпул нема да му прави никакви проблеми бидејќи влезе во последната година од договорот и англискиот клуб едноставно сака да заработи барем малку пари.

Трансферот во Баерн се очекува да биде околу 35 милиони евра, а Мане со Баварците ќе потпише договор на три сезони.

Германскиот Билд утрово објави дека Мане веќе пристигнал во Минхен, а еден од фоторепортерите успеал да го сними тоа.

Мане денеска ќе ги мине лекарските прегледи во просториите на Баерн, а утре треба и официјално да го потпише договорот и да биде претставен како ново засилување за Баварците.