Фудбал
„Немаме понуди за Хаверц“
„Досега нема понуди“. Рече директорот на Леверкузен, алудирајки на Каи Хаверц.
Екипата на Бундеслигата инсистира дека германскиот плејмејкер ќе заврши на крајот од оваа сезона повторно на „Беј Арена“.
Директорот на Баер Леверкузен, Симон Ролфес, изјави дека клубот сè уште нема добиено никакви понуди за Каи Хаверц и покрај тоа што Челзи е поврзан со преселба на Германецот.
„Досега нема понуди. Знаеме за интересот на некои клубови, но нема официјална понуда“, рече Ролфс на прес-конференција.
„Неколку пати рековме дека сезоната ќе ја завршиме со целиот тим. Ова го вклучува и Каи. Тој е еден од нас“.
„Тој е фокусиран. Каи е опуштен и не се грижи за шпекулациите, тој е во добра состојба“, додаде тој.
„Тој само се подобрува. Одморите добро поминаа за него и за другите играчи“, рече тој на крајот.