Connect with us

Фудбал

Немаше избор: Обамејанг „избра“ бројка во Барселона

Барселона и официјално потврди дека Пјер-Емерик Обамејанг е новиот играч на овој клуб.

Обамејанг потпиша договор со Барселона до летото 2025 година, а на „Камп Ноу“ пристигна како слободен играч.

Габонецот во последниот ден од преодниот рок го раскина договорот со Арсенал, а на крајот без обештетување дојде во Барселона која успеа да го пријави за официјални натпревари.

Обамејанг и официјално беше претставен како засилување на Барселона, а од вчера тренира со првиот тим на Чави Ернандез.

Исто така, Ла Лига потврди дека Обамејанг е пријавен за официјални натпревари и открија дека до крајот на оваа сезона ќе го носи бројот 25 на грбот.

Обамејанг немаше премногу избори бидејќи бројот 25 беше единствениот слободен во моментот откако Адама Траоре реши да го позајми дресот со број 11, а Габонецот немаше избор и мораше да го земе единствениот преостанат достапен број.