Фудбал
Дресот едвај го собораше неговото презиме, откриена и причината како настало, за се е „виновна“ венчавка (ВИДЕО)
Не се само фудбалските квалитети кои некои фудбалери ги прават незаборавни за љубителите на фудбалот. Јан Венегор оф Хеселинк играше фудбал кога социјалните мрежи не беа толку популарни како денес.
Сепак, фактот што поранешниот холандски фудбалер се појавува одвреме-навреме на објавите на Фејсбук или Инстаграм може да биде благодарение на неговото презиме.
Фотографијата на која неговото бескрајно долго презиме практично го опкружуваше бројот на дресот на Хал Сити можеби веќе ќе добие иконски статус. Додека бил фудбалер, угледниот „Гардијан„ истражувал и ја открил позадината како всушност настанало презимето Венегор оф Хеселинк.
Имено, во 17 век, две фармерски семејства се посватиле, односно имало венчавка, а двете презимиња Венегор и Хеселинк имале одредена социјална тежина и углед во тоа време.
Наместо да изберат едно презиме, тие се одлучиле за двете. Во преводот од холандски на македонски, делот „OF“ од презимето се преведува како „или“, така што презимето би гласело Венегор или Хеселинк.
Инаку, овој 191 см висок напаѓач во текот на кариерата беше сосема коректен фудбалер и играше во некои од значајните европски клубови.
Кариерата ја започна во Твенте, а потоа својот најдобар фудбал го играше во ПСВ каде моментално е вработен во скаутинг служба.
Играше и на Островото. Прво беше во Шкотска (Селтик), а потоа во Хал Сити. Десет години беше холандски репрезентативец. Тој забележа 19 настапи и три гола. Поради жестоката конкуренција претежно беше резерва.