Connect with us

Фудбал

Неочекувана дестинација! Руни го напушта Евертон, неговата кариера ќе заврши многу подалеку од Англија!

Поранешниот напаѓач на англиската репрезентација Вејн Руни (32) го напушта Евертон, а веројатно е дека неговата кариера ќе продолжи во редовите на американскиот прволигаш ДЦ Јунајтед.

Руни треба да потпише договор за клубот од Вашингтон до јули 2020, вреден 14 милиони евра.

ДЦ Јунајтед се обидел да ги ангажира и Робин ван Перси, Хавиер Хернандез, Карлос Тевез и Марио Балотели, но тие ја одбија понудата на американскиот клуб. Последен играч со звучно име, кој играл за ДЦ беше Аргентинецот Марсело Галардо во 2008 година.

Руни се врати во Евертон во јули минатата година, во клубот каде што ја започна својата кариера, откако 13 години играше за Манчестер Јунајтед. Во вториот обид на Гудисон Парк постигна 11 голови и три асистенции во 40 настапи.