Connect with us

Фудбал

Нереална статистика: Гвардиола освојува 2.4 трофеи по сезона

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, денес со својот тим, рутински стигна до трофејот на „Комјунити шилд“.

Со победата од 2:0 против Челзи, Гвардиола го освои својот 24-ти трофеј во тренерска кариера со само 10 години искуство. Статистички, Гвардиола освојува 2.4 трофеи по сезона, што е навистина нереално.

Досега, Гвардиола освои по три трофеи во Ла Лига, Бундеслигата, шпанскиот Супер куп, Светското првенство за клубови и УЕФА Супер Купот, два во Лигата на шампионите, Кралскиот Куп и ДФБ Покал и една во Лигата на шампионите, во Лига Купот и „Комјунити шилд“.

“Стравот од поразот е нешто што ме турка напред”, изјави Пеп Гвардиола, кој нема намера да застане со доминација во клупскиот фудбал.