Connect with us

Фудбал

Нереални сцени на улиците на Мадрид (ВИДЕО)

По епската ноќ и уште еден антологиски пресврт, Реал Мадрид избори пласман во финалето на Лигата на шампионите.

Манчестер Сити водеше со 0:1 до 90. минута и вкупни 3:5, а потоа Реал постигна два гола за две минути, го одведе натпреварот во продолженија, каде го победи Сити и го закажа финалето со Ливерпул.

Навивачите на Реал знаеја како да го прослават овој резултат, но знаеја и како да им се оддолжат на своите играчи.

На улиците на Мадрид денеска имаше над 50.000 навивачи кои го пречекаа автобусот со играчи на Реал кои почнаа да тренираат.

Со песна, пеење, факели и аплауз го придружуваа автобусот во кој беа нивните херои, заблагодарувајќи им се на уште една ноќ за паметење.

Сликите од Мадрид изгледаат неверојатно, а ова е само продолжение на прославата, бидејќи Реал минатата недела ја прослави новата шпанска титула.