Connect with us

Фудбал

Нерешено на трите попладневни натпревари во ПМФЛ

Без победник завршија трите натпревари од 4.коло во Првата македонска фудбалска лига што се одиграа попладнево.

По трите стартни порази, првиот бод во шампионатот го освои Беласица која и натаму е на дното на табелата, но му откина два бода на Вардар кој пропушти шанса барем привремено да избие на врвот.

Постигнати резултати:
Беласица – Вардар 1:1,
Ренова – Македонија ЃП 1:1,
Силекс – Победа 0:0.

Вечер од 20 часот се игра дербито на колото меѓу Работнички и Академија Пандев, додека утре Шкупи е домаќин на Шкендија.

Табела: Академија Пандев 9 бода, Вардар 8, Работнички 6, Шкендија 5, Силекс 5, Победа 5, Ренова 4, Шкупи 2, Македонија ЃП 2, Беласица 1.