Connect with us

Други спортови

Несреќа во Австралија, оштетени болиди, квалификациите за кратко беа прекинати

Во тек се квалификациите за Формула 1 за ГП на Австралија.

Битката за позициите за утрешната трка во Мелбурн Парк започна возбудливо, а веќе во првиот квалификациски сектор видовме несреќа на патеката.

Пред еден од свиоците, Николас Латифи во Вилијамс и Ленс Строл во Астон Мартин имаа контакт со болидите.

Квалификациите веднаш беа прекинати, а Латифи се качи на катот бидејќи неговиот болид беше потешко оштетен.

За среќа возачите се добро и веднаш тргнаа на бокс, а ова беше втора несреќа за Строл во Австралија викендов откако имаше слична ситуација на третиот тренинг.

Инаку, лидер на стартот од квалификациите е Леклер пред Верстапен и Перез.