Фудбал
Неста ја презема Перуџа: Не се сеќавам кога бев тука последен пат
Легендарниот италијански дефанзивец Алесандро Неста пред неколку години ја заврши кариерата и одлучи да работи како тренер.
Неста денеска потврди дека е избран за нов тренер на второлигашот Перуџа, откако клубот ги изненади сите со отпуштањето на Роберт Бреди. Перуџа победи во плејофот да се врати во Серија А, но клубот изненадувачки го отфрли Бреди.
Во Перуџа одлучија да ја покажат довербата во Алесандро Неста, кој треба да се докаже на тренерското местото. Неста денеска потврди дека ја презел Перуџа и рече дека е среќен што се врати во Италија како тренер.
“Уф, помина долго време. Не се сеќавам кога последен пат бев на овој стадион, дојдов со голем оптимизам и ова е навистина фудбалски клуб. Овој тим е силен и би бил со секој тренер.” , рече Неста.