Фудбал
Неверојатен бонус, откриени вистинските бројки од договорот на Мбапе со ПСЖ
Килијан Мбапе одлучи да остане во Пари Сен Жермен. Французинот ги држеше Реал Мадрид и францускиот клуб во неизвесност пред конечно да потпише за шампионот на својата земја. Младиот фудбалер од светска класа остана во главниот град на Франција, склучувајќи договор кој ќе трае во следните три години. Во интервју за Њујорк Тајмс, тој негира дека парите биле голем фактор за да го натераaт да потпише.
„Па, каде и да одев, ќе добивав пари“, вели Мбапе за да ги увери американските новинари, како и пошироката јавност.
Во истото интервју Њујорк Тајмс ги објави деталите од договорот, според кој ПСЖ ќе плати 251 милион евра во следните три години.
Тоа значи дека една сезона на сметката на Мбапе ќе легнува нешто над 83 милиони евра.
Понатаму се наведува дека при продолжувањето на договорот Мбапе добил 125 милиони евра, што е највисоката цифра во историјата платена на спортист без договор.
Иако сумите се огромни, Мбапе тврди дека парите не биле водечки принцип во неговата одлука. Тој се обидува да се огради и од информациите дека ќе добие одредена моќ за одлучување во тимот.
“Тоа не е моја работа и не сакам да го работам бидејќи не сум добар во тоа. Добар сум на теренот, а надвор од теренот има многу луѓе кои се подобри од мене во тоа, изјави Мбапе.