Connect with us

Фудбал

Неверојатно, беше најдобар стрелец на Африканскиот куп на нации, a 11 години играл за репрезентација, без дозвола од ФИФА

Фудбалерот Емилио Нсуе, кој беше најдобар стрелец на Африканскиот куп на нации одржан минатата година, се најде во центарот на вниманието поради големиот скандал кој се појави четири месеци по натпреварувањето. Тој блесна на африканското првенство, а Асошиетед прес сега ја објави шокантната вест дека Нсуе никогаш немал право да игра за оваа селекција во текот на својата 11-годишна репрезентативна кариера!

Ваква пресуда донеле судиите на  фудбалската асоцијација ФИФА, кои заклучиле дека Нсуе никогаш не добил нејзина дозвола да игра во дресот на Екваторијална Гвинеја. Нсуе е роден пред 34 години во шпанската Палма де Мајорка, за која настапуваше во младинските селекции, до селекцијата до 21 година.

Нсуе одигра три натпревари за Шпанија на Светското првенство до 20 години во 2009 година и еднаш влезе како замена за Хуан Мата на ЕП У21 во 2011 година, кога Шпанија беше европски првак. Две години подоцна, Фудбалската асоцијација на Екваторијална Гвинеја побара од Шпанија дозвола за Нсуе да го носи нивниот дрес, кој тие го добија, но ФИФА никогаш не го одобри.

Во декември 2013 година, ФИФА го одби барањето на Нсуе да го промени своето спортско државјанство, наведувајќи дека доцна го добил државјанството на Екваторијална Гвинеја. И покрај тоа, тој продолжи да настапува за африканската репрезентација до денес, кога ФИФА му изрече шест месеци суспензија. Исто така, поради сето ова, ФИФА ги поништи двете победи на Екваторијална Гвинеја во квалификациските натпревари за СП 2026 година кои се одиграа во ноември минатата година. На тие игри со своите голови Нсуе му донесе две победи на овој тим. Нсуе одигра повеќе од 40 натпревари за националниот тим и постигна 23 гола, вклучително и пет на Африканскиот куп на нации во јануари, а публицитетот што го доби во тоа време се чини дека поттикна обновени дисциплински мерки.