Connect with us

Фудбал

Неверојатно, по две ипол години се разбуди од кома, па потоа доби отказ од Ајакс

Абделхак Нури пред неколку дена беше главна светска вест. По повеќе од две ипол години се разбуди од кома. Тој колабираше на теренот во 2017-та година за време на пријателски меч и од тогаш беше во кома.

Но, по само неколку дена тој и неговото семејство добија лоша вест. Фудбалскиот клуб за кој играше Ајакс одлучи да му врачи отказ, односно да го раскине договорот. Поради кризата со коронавирусот холандскиот тим го направил тоа со сите фудбалери на кои договорот им истекува на лето за да ги намали трошоците. Меѓу нив е и Нури.

Сепак, претходно две ипол години сите трошоци за лекувањето ги плаќаше Ајакс.

Неговото семејство сега ќе води судски спор со клубот.