Connect with us

Фудбал

Невес е желба на “дамата”

Португалскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Вулверхемптон, Рубен Невес, е најновата желба на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус.

Спортскиот директор на “старата дама”, Павел Недвед, пред неколку дена имал состанок со агентот на Невес, Жорге Мендеш, кој потврдил дека неговиот клиент е расположен за преселба во Торино.

Сепак, офанзивниот играч за врска ќе ја добие потребната дозвола за да се пресели во Италија само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 25 мил. евра.