Connect with us

Фудбал

Невиден крај на преодниот рок: Фудбалерот побегна од медицинските прегледи, не сака да оди во Англија

Бројни трансфери во историјата на фудбалот пропаднаа поради лекарски прегледи, но тоа што се случи на крајот од преодниот рок летово речиси и не се случило досега.

Англискиот премиерлигаш Фулам во последните часови од преодниот рок требаше да потпише веќе „завршено“ засилување. Станува збор за фудбалерот Ернест Нуама од Гана, кој од минатото лето успешно настапува за Лион. Угледниот француски весник „Л’Екип“ опишува што се случи, а таква ситуација е навистина невидена во модерниот фудбал.

Фулам и Лион го договорија трансферот на Нуама за 19 милиони евра и зделката беше ставена на крај. Претставници на англискиот тим пристигнале во Франција во последните часови од преодниот рок за да ги реализираат медицинските прегледи. Но, таму „заглави“. Француските медиуми јавуваат дека на лекарскиот преглед ги пречекал расплаканиот Нуама, кој не го сакал трансферот и дека во еден момент побегнал од лекарски преглед, па трансферот пропаднал.