Connect with us

Фудбал

Невозможна клаузула во договорот: Што треба да направи Мане во Баерн за Ливерпул да заработи екстра пари?

Садио Мане во наредните денови би требало официјално да биде претставен како ново засилување на Баерн.

Мане ги изненади сите со одлуката да го напушти Ливерпул иако има уште една година договор со „црвените“. Сенегалецот доби понуда од Минхен која не сака да ја одбие и е решен да потпише за Баерн.

Ливерпул беше изненаден од одлуката на Мане да го напушти клубот, но решија да не му прават проблем. Ливерпул веќе го доведе Дарвин Нуњез како негова замена, а Мане доби зелено светло за трансфер.

Тој во вторник треба да пристигне во Минхен на лекарски прегледи, по што ќе може да потпише тригодишен договор со Баварците и официјално да биде претставен на Алијанц Арената.

Ливерпул од овој трансфер веднаш ќе добие 32 милиони евра, додека црвените се очекува да заработат уште шест милиони евра доколку Мане ги исполни бонусите од договорот.

Сепак, англиските медиуми пишуваат дека е речиси невозможно Ливерпул да ги собере сите шест милиони евра бонуси поради многу тешки клаузули во договорот.

Имено, Ливерпул ќе добие три милиони евра доколку Мане три години по ред биде шампион на Германија со Баерн, што најверојатно ќе се случи на крајот. Но, втората клаузула изгледа невозможна, која очигледно ја знаат и во Ливерпул.

Според договорот, Ливерпул ќе добие три милиони евра бонус доколку Мане освои три Златни топки во низа, а малкумина веруваат дека тоа навистина ќе се случи.