Connect with us

Фудбал

„Ние сме хотел, а не болница“ – хотелите на Кристијано Роналдо нема да бидат за пациенти

Неколку светски медиуми ги контактираа хотелите кои се во сопственост на Кристијано Роналдо да прашаат дали ќе бидат остапени за изолација на пациенти кои се заразени со Коронавирус. Сепак, тие велат дека се хотели, а не болници и дека засега нема таква одлука. Се е само шпекулација, вели главниот шеф на хотелот на Роналдо во Лисабон.

– Ние сме хотел. Нема да бидеме болница. Тоа е ден како и сите други, ние сме и ќе останеме хотел. Ние сме телефонирани од печатот. Ви посакувам убав ден, изјави менаџерот на еден од хотелите на Роналдо.

Претходно шпанската „Марка“ објави дека португалската фудбалска sвезда и играч на Јувентус, Кристијано Роналдо, одлучил да ги пренамени своите хотели во Португалија во болници за лекување на пациенти со коронавирус. Роналдо има луксузни хотели во Лисабон и Мадеира за кои Шпанците тврдат дека ќе станат болници за оние кои се заразиле со КОВИД-19 следната недела.