Фудбал
Нико Ковач тренер на годината во Германија
Хрватскиот фудбалски стручњак Нико Ковач доби најмногу гласови во изборот за најдобар тренер во Германија спроведен од магазинот „Билд“.
Ковач го предводеше Ајнтрахт Франкфурт до трофејот во Купот на Германија.
– Ова признание не ми припаѓа само мене туку на целиот тим и стручен штаб на Ајнтрахт, изјави хрватскиот тренер на церемонијата на доделувањето на наградата во Хамбург и потенцира дека таму е претставник на тимот од Франкфурт.
Од оваа сезона Нико Ковач е тренер на германскиот шампион Баерн Минхен со кого го освои Супер купот по триумфот над неговиот поранешен тим Ајнтрахт.